ВМРО-ДПМНЕ: Реализација од 22.51% на капиталните инвестиции е срамно и доказ за класична неспособност

Половина година во Македонија не се гради ништо, развојот на државата е закочен

408

СДСМ за половина година не успеа да реализира ниту една четвртина од предвидените капитални инвестиции. Македонија со СДСМ стагнира. Ниво на реализација од 22.51% е срамно и доказ за класична неспособност. Вака реагираше ВМРО-ДПМНЕ на официјалните податоци за реализацијата на капиталните инвестиции за половина година.

– Половина година во Македонија не се гради ништо, развојот на државата е закочен.На Зоран Заев поважно му беше да го реализира предизборниот поткуп, наместо да се фати за работа. СДСМ се впушти во купување на гласови, наместо на градење, и тоа ни се случува три години по ред. Откако е СДСМ на власт нивото на реализација на капитални инвестиции за цела година е околу 60%.СДСМ не се способни да ја придвижат државата напред и да генерираат раст и развој – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат и дека е закочена изградбата на гасоводите, автопатот Кичево – Охрид кој го почна претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и уште стои во фаза на изградба како пред 3 години, експресните патишта кои беа испланирани и проектирани одамна и до сега со ВМРО-ДПМНЕ ќе беа завршени.

 

Поврзани содржини