Германскиот министер за Европа со честитка до Заев: Чекаме да се фатиме за работа

400

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот на Твитер му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев и коалицијата „Можеме“ на вчерашните парламентарни избори во земјава, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Честитки до Северна Македонија, Зоран Заев и Никола Димитров. Добра вест е што изборите беа спроведени без проблем, во исчекување сме да се фатиме за работа и да ве поддржиме на патот кон ЕУ – твитна Михаел Рот, чија земја претседава со Европската Унија до крајот на оваа година

Поврзани содржини