Единицата за внатрешни работи Карпош вчера и завчера ги привела скопјаните Е.М.(24) и А.И.(22), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки кражби“ на велосипеди и Х.К.(53) од Скопје поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „прикривање“, информира МВР.
– Двајцата првопријавени извршувале кривични дела „тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови. Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ – велат од полиција.
МВР ги повикува сите оштетени граѓани во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 9 до 15 часот за препознавање на велосипеди.