Прва средба по разводот на суд – Џони Деп и Амбер Херд со валкани детали

587

Холивудскиот актер Џони Деп од денеска започнува судска постапка против британски таблоид, кој најверојатно ќе открие детали од приватниот живот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Деп (57), sвездата на Пиратите од Карибите, го тужи издавачот на таблоидот „Сан“ и неговиот извршен уредник Дан Вутон за клевета поради статијата на Вутон од 2018 година, во која тој го нарекол „човекот што ја тепа сопругата“.






Случајот ќе го води Врховниот суд во Лондон и судењето треба да трае три недели, а ќе треба да сведочат и актерот и неговата поранешна сопруга.

Двојката се запознала во 2011 година во серијата „The Rum Diary“, а се венчале во февруари 2015 година. Актерката поднесе барање за развод по 15 месеци брак и побара од судот да му забрани да и се приближи. Таа го обвини за физичка злоупотреба, што тој го негирал.

Тие се развеле во 2017 година и тогаш е укинат налогот за ограничување, а Деп се согласил да и плати 7 милиони долари.

„Сан“ се обиде да ја отфрли тужбата минатата недела, но не успеа, иако судијата пресуди дека Деп не ја доставил целата потребна документација, вклучувајќи ја и неговата преписка по телефон со асистент, кој според „Сан“, му набавувал дрога.

Поврзани содржини