Варди го спаси Лестер од пораз во дуелот со Арсенал
Лестер со ремито падна за едно место на табелата, сега се четврти со 59. бода, еден помалку од третопласираниот Челси кој со 2:3 денеска славеше над Кристал Палас и четири повеќе од Манчестер јунајтед кој има и натпревар помалку.
Во дербито на 34. коло од Премиер лигата, Арсенал и Лестер одиграа 1:1.
Лестер со ремито падна за едно место на табелата, сега се четврти со 59. бода, еден помалку од третопласираниот Челси кој со 2:3 денеска славеше над Кристал Палас и четири повеќе од Манчестер јунајтед кој има и натпревар помалку.
Арсенал остана на седмото место со 50 бодови и без шанси да дојде до позицијата која носи во Лигата на шампионите.
Арсенал поведе во 21. минута со голот на својот најдобар стрелец Пјер-Емерик Обамејанг кој ја искористи одличната асистенција на Букајо Сака.
Еден од клучните моменти се случи во 75. минута кога „топчиите“ останаа со играч помалку бидејќи Едвард Нкетија кој доби директен црвен картон поради опасниот старт и тоа само неколку минути откако влезе во игра на местото на Александре Лаказет.
Лестер ја искористи предноста од играч повеќе и со голот на Џејми Варди во 84. минута успеа да дојде до бод.