За 15 години се намали просечната возраст на пациентите во САД

Просечната возраст на пациенти сега е 15 години помлада отколку што беше пред неколку месеци, особено во Њујорк, Њу Орлеанс и Чикаго - кажа Фаучи.

277

Новозаболените од коронавирус во САД сега се во просек за 15 години помлади од пациентите во раните фази на пандемија, потврди главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, имајќи ги предвид податоците за пациентите од Калифорнија, Аризона, Флорида и Тексас.

Повеќето од новите случаи се млади луѓе кои не ги почитувале мерките за социјална дистанца, пренесува Би-Би-Си.






– Просечната возраст на пациенти сега е 15 години помлада отколку што беше пред неколку месеци, особено во Њујорк, Њу Орлеанс и Чикаго – кажа Фаучи.

Гувернерот на Флорида, Род де Сантис, вчера изјави дека просечната возраст на пациентите на кои им е потребна хоспитализација е 33 години, додека во март претежно беа болни пациенти на возраст меѓу 50 и 60 години.

Поврзани содржини