Северина не му го дава синот на Милан, не одговара на пораките, ниту на телефон

2,129

Хрватската пејачка Северина Којиќ, наводно, девет дена не го вратила нивниот син кај поранешниот партнер Милан Поповиќ, кој го има старателството над момчето, пишува српски „Информер“.

Како што пишува „Информер“, според одлуката на судот, пејачката може да го гледа синот два пати неделно, секој втор викенд – од сабота наутро до недела навечер, како и две недели во текот на распустот. Северина, наводно, ја прекршила оваа одлука.






Изворот изјавил, дека детето поминало 14 дена со својата мајка, но дека не го вратила кај неговиот татко во договореното време, кој има целосно старателство. Весникот понатаму наведува дека Северина не одговарала на повиците на Поповиќ ниту на пораките, па затоа решил да ја пријави пред надлежните.

– Милан размислува да покрене тужба против неа. Тој се консултираше со адвокатите и тие му рекоа дека има право да ја тужи – заклучил изворот.

 

 

 

 

Поврзани содржини