Пејачката Бијонсе (38) не била бремена, носела лажен стомак, ја избелувала кожата за да биде попривлечна на публиката, а нејзиното вистинско име е Ан Мари Ластраси.
Сето ова е наведено на Твитер, без знак на прашалник, тврди КВ Милер, човекот кој се кандидира за гувернер на Флорида.
Како што е напишано, Бијонсе лаже со години…
„Бијонсе не е Афроамериканка. Таа го лажира тоа. Нејзиното вистинско име е Ан Мари Ластраси. Италијанка е. Сѐ е ова дел од агендата на Сорос „Длабока држава“ за движењето „Црните животи се важни“ (Black Lives Matter). Бијонсе, отповикана си“, напишал овој политичар и предизвика лавина од коментари.
Милер напишал дека Бијонсе ја обожава Сатаната, а дека тоа го открива во песната „Formation“.
Имено, кога ги спомнува Алабама и Лузијана, всушност, таа спомува две сатанистички цркви во овие држави, а стихот „имам лут сос во чанта“, значи „чува сатанистички симбол во чантата“.