Носителката на листата во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Гордана Силјаноска – Давкова денеска кажа дека владата на чело на СДСМ целосно го заборавила угостителскиот сектор и дека мерките кои ги носеше биле задоцнети, и недоволни со што моментално угостителскиот сектор се соочува со целосен крах.
– Владата го заборави угостителството или многу доцна виде дека угостителите имаат големи проблеми врзани за отсуството граѓани заради опасноста од зараза со ковид-19. Потем реагираше но чинам дека реакциите на угостителите беа дека тоа целосно недоволно – истакна Силјаноска- Давкова.
Дополнително Силјаноска – Давкова како носителка на изборна единица 1 потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ има подготвено стратегија и мерки кои ќе значат заздравување на целокупната економија а со тоа и рехабилитирање на угостителскиот сектор.
– Останува значи за партијата или за коалицијата што ќе победи што значи за ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери да го спроведе она што е напишано во програмата . Дека е потребно во првите 100 дена да се посегне по една преодна стратегија за решавање на затечените проблеми или проблемите во тек врзани за економијата и за здравството што значи со ова врзано и статусот на угостителството – појасни Силјаноска- Давкова.
Силјаноска – Давкова како носителка на изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ истакна дека во програмата „Обнова“ ставени се проекти и мерки конкретни за угостителите како намалување на ДДВ и издвојување на секторот туризам од постојаното Министерство за економија и присоединување со министерството за култура каде е вклучено и угостителството. Силјаноска – Давкова појасни дека е една од многуте мерки е и субвенционирање на угостителските капацитети кои би добиле статус зелени хотели и многу други проекти кои го засегаат овој сектор.
– Една идеа или една информација економистите експертите економски сметаат дека треба на патот на европеизацијата да бидеме стандардни и наместо Министерство какво што имаме сега за економија во кое влегува и туризмот . Туризмот да се извлече од економијата и да се дислоцира во културата , тука го врзувам јас и угостителството во една своја димензија има врска исто така со туризмот и мислам дека на таа линија е добра. Мерката да се намали ДДВ – то што го плаќаат угостителите за да им се овозможи порамноправен настап на пазарот а ако се извлече како што велам туризмот тогаш да имаме едно класично европско министерство како што е министерство за индустрија , за трговија и за развој. Мислам дека е тоа добар потег – појасни Силјаноска – Давкова.
Понатаму , Силјаноска – Давкова рече дека ВМРО ДПМНЕ ќе се стимулира и градење на човечки ресурси во туризмот односно стимулирање на вклучување на младите во овој сектор и воведување на категоријата работен час каде ќе се вреднува подеднакво и ноќниот труд за поттикнување на сезонскиот труд а и воедно за спречување на одлив на млади луѓе за време на летната сезона.
– Понатаму што е добро од она што го разговарам, тие сметат дека определбата програмска младите да можат part – time да бидат ангажирани се разбира со се сите давачки што следат во односот кон нив во угостителството. А за време на летниот распуст да можат и целосно да бидат вработени – додаде Силјаноска- Давкова.