Спасовски: Инспекторите ќе утврдат зошто трговците ги зголемија цените на производите
Спасовски рече дека оваа појава не треба да се поврзува со платежната картичка.
Дадов налог на инспекциски служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, откако граѓаните реагираа дека на рафтовите во продавниците голем број домашни производи добиле повисоки цени.
-Ќе видиме што ќе кажат инспекциските органи за оваа појава која не е масовна, но ја има во некои продавници- рече Спасовски.
Тој, како што рече, смета дека ова зголемување на цените на производите нема врска со платежната картичка.
Спасовски го повтори апелот да не се користи кризата за правење профит.
– Сега е момент да помогнеме на граѓаните сите заедно – рече Спасовски.