Се ожени Маријан Стојаноски, наскоро ќе стане и татко ФОТО

3,447

Пејачот Маријан Стојаноски вчера во Скопје се ожени со својата долгогодишна девојка, охриѓанката Наташа Каранџулоска. Среќната двојка го очекува и своето прво дете.

Маријан и Наташа се свршиле пред Нова година, но поради пандемијата со коронавирусот, плановите за венчавка морало да ги променат.






Убавата вест ја открија со фотографии на социјалните мрежи, направени по регистрацијата во матично.

„Фамилија Стојаноски“, напиша Наташа под фотографиите на кои се гледа трудничкото стомаче.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини