Жито Лукс: За потребите во правниот промет со странство го унифициравме името во Zito Luks AD Skopje
Според соопштеното компанијата работи на македонскиот и странските пазари под целосното име: Друштво за производство на мелнички, пекарски и слаткарски производи, промет на големо и мало и увоз-извоз ЖИТО ЛУКС АД Скопје.
Компанијата Жито Лукс, соопшти дека со промена на Статутот е направено унифицирање на скратениот назив од кирилица на латиница за да се одговори на потребните на правниот промет во странство.
„Со цел за усогласување со скратениот назив на компанијата на македонски јазик, кој гласи Жито Лукс АД Скопје и е непроменет од 1991 година, кога компанијата беше во државна сопственост, сега е направено унифицирање на називот на латиница, односно направена е негова транскрипција, препис од кирилица. Со овој препис од кирилица на латиница, името на компанијата е непроменето и соодветно гласи Жито Лукс АД Скопје, односно Zito Luks AD Skopje“ појаснија од компанијата.
Од компанијата додаваат дека станува збор за правно усогласување за потребите во правниот промет со странство и дека ова унифицирање е извршено во интерниот статут на компанијата.
Според соопштеното, компанијата работи на македонскиот и странските пазари под целосното име: Друштво за производство на мелнички, пекарски и слаткарски производи, промет на големо и мало и увоз-извоз ЖИТО ЛУКС АД Скопје.
Компанијата го соопшти ова откако во јавноста имаше реакции за промената на Статутот направена на седницата на Собранието на акционери од 22 јули годинава.
Според измените на Статутот на компанијата објавени на сајтот на Македонска берза се менува ставот 3 од членот 5 со кој се регулира скратениот назив на компанијата и од називот ZITO LUKS AD SKOPJE – MAKEDONIJA. се брише зборот MAKEDONIJA.
„Во членот 5 став 3 се брише зборот MAKEDONIJA“, стои во измените на Статутот објавени на Македонска берза.
Жито Лукс како компанија постои 74 години.