Петров: ВМРО-ДПМНЕ само пропагираат за здравјето, на средби се гушкаат и бацуваат

Најголемата инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ е во нивната фабрика за лажни вести, рече Петров.    

481

За нас е најважно дека здравјето е пред се и за таа цел развивме протокол за заштита на здравјето при кампањата, кој предвидува иновативни начини на кампања, со средби со граѓани до 50 на отворен простор и до 30 во затворен простор со одржување на задолжителна дистанца, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров во дебатната емисија 200 на телевизија Алсат.

– Од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ редовно се слуша како пропагираат дека здравјето на граѓаните им е важно, а во Ново Лисиче организираа средба со граѓани на која се гушкаа, бацуваа, па и самиот Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ сака контакт со луѓе – нагласи Петров.






Граѓаните ќе почувствуваат кој се грижи за нивното здравје а кој не, порача потпретседателот на СДСМ Коста Петров.

– Во се што правиме фокусот ни е на граѓаните, тоа го покажавме во изминатите три години, со покачување на минимална плата, рекоредна невработеност, рекордно намалување на младинската невработеност, раст на просечна плата, ги решивме сите горливи прашања, она на што ќе работиме сега е една нова развојна Македонија, а фокусот останува на граѓаните – истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров во дебатната емисија 200 на Алсат телевизија, додавајќи дека Северна Македонија во 2024 година ја чледаме како нова развојна економија, земја која ги штити работните места, креира нови работни места, сите реформи и мерки се фокусирани на граѓанинот, на човечкиот капитал, земја во која младите ќе бидат рамо до рамо со нивите врсници од Европа, дигитална, иновативна држава со правда, ред и дисциплина, еко држава.

– Ние за три години станавме членка на НАТО, започнуваме преговори со ЕУ, во наредните четири години ќе продолжиме да работиме на подобар стандард за сите граѓани, за социјално ранливите категории и особено внимание ќе посветиме на коренот на сите проблеми во изминатите 30 години, а тоа е ред, правда и дисциплина – порача Петров.

Најголемата инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ е во нивната фабрика за лажни вести, рече Петров.

 

Поврзани содржини