Ситуацијата во Задар ќе се комплицира ако Ѓоковиќ е позитивен на ковид-19

Цапак наведе и дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нема потреба да биде во самоизолација, бидејќи тој немал физички контакт со Ѓоковиќ, туку само се поздравиле, а средбата иако била во затворен простор траеле помалку од три минути.

521

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, епидемиологот Крунослав Цапак денеска изјави дека епидемиолошката ситуација во Задар дополнително ќе се закомплицира доколку српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е позитивен на ковид-19.

Тој истакна дека Ѓоковиќ за време на тенискиот турнир Адриа во Задар бил во контакт со многу луѓе, а доколку тој е позитивен, другите ќе мора да бидат во самоизолација.






Цапак наведе и дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нема потреба да биде во самоизолација, бидејќи тој немал физички контакт со Ѓоковиќ, туку само се поздравиле, а средбата иако била во затворен простор траеле помалку од три минути.

– Премиерот превентивно се тестира и тој е негативен – посочи Цапак.

Задар стана жариште на новиот коронавирус откако беше објавено дека учесникот на Адриа тур, бугарскиот тенсер Григор Димитров е позитивен на ковид-19.

Во неделата 22 лица се тестираа, од кои тројца се позитивни. Покрај хрватскиот тенисер Борна Ќориќ, позитивни се и кондициониот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паники и тренерот на Димитров, Кристија Гро.

За сега над 80 луѓе се во самоизолација.

Поврзани содржини