Николоски: Ќе го победам Заев дома

482

 Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски очекува СДСМ да биде декласиран на престојните предвремени парламентарни избори поради,  како што вели, „насобраниот бес кај граѓаните поради продадените национални интереси, нереализираните проекти и корумпираноста на власта“.

– Ќе имам најлесна задача од сите шест носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имам лесен противник во четвртата изборна единица иако тој е претседател на СДСМ.нДо  Прилеп не може да се стигне, автопатот кон Скопје скоро и да не се гради. Затоа ке го победам дома, и за тоа решив да одам, таму. Победата на гостински терен е најслатка – рече Николоски.






Тој вели дека секој ден се гледа по некој „еклатантен пример за рекет“, а Јавното обвинителство не презема ништо, туку единствено ги осудило ситните риби во случајот „Рекет“, иако, според него, се знаело „кој е главата на рекетот и каде завршиле парите од рекетот на бизнисмените“.

Николовски истакна дека ниту еден европски политичар не сака да има средба со корумпирани политичари од земјава и тврдејќи дека ниту еден политичар немал билатерална средба со поранешниот премиер Зоран Заев, откако излегле аферите со корупцијата.

Поврзани содржини