Актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари од Алијанса за Албанците во врска со ситуацијата со коронавирусот и за претстојните избори, истакна дека со два милиони народ имаме поголема смртност од другите балкански земји, што не е во ред.
– Од почетокот немавме јасна стратегија. Ние се решивме за рестрикции. Здравствената комисија немаше јасна визија за тоа – рече Таравари за ТВ 24.
Тој потенцираше дека изборите се голем ризик за ширење на вирусот, но во кампањата максимално ќе ги применуваат мерките за заштита.
– На 24 јуни, Алијансата ќе го има првиот собир на максимум 500 луѓе со максимално применување на мерките за заштита, маски и дистанца. Веќе им пишуваме пораки на луѓето секој град да не носи повеќе од 20 луѓе. Казните треба да бидат беспрекорни за сите партии – вели Таравари.