Меј Бојс од Нешвил, Тенеси, САД, со пиштол застрелала крадец, откако ѝ се смачило да ѝ крадат од погонот за производство на алкохол, како што таа изјавила пред полицијата.
Вдовицата која е на самиот залез од 9-то десетлетие од својот живот, го зела својот револвер кога еден возрасен маж се обидел да ѝ украде алкохол од нејзиниот имот минатата седмица и, пукала во човекот.
– Го направив тоа што требаше. Се надевам и дека ќе се расчуе, оти веќе нема да го трпам ова – изјави бабичката за весникот „Њујорк пост“.
Таа е пуштена од притвор со кауција од 10.000 долари. Полицијата ѝ го одзела оружјето. Всушност, бабичката не целела кон крадецот, туку во подот… Но, го погодила во ногата. Таа никогаш досега не пукала со оружје.
– Кога луѓе коишто те краделе со години те сметаат и за глупачка, тогаш ти пука филмот. И не ме поставувајте во редот на беспомошни стари жени. Знам како да се грижам за себе! – додала Бојс.
Бојс работи во својата просторија за производство на алкохол шест дена во седмицата. Погонот го поседува уште од 1994 година.