Кожувчанка донира апарат за вентилација при транспорт на пациенти
Се работи за апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany. Со апаратот се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување.
Кожувчанка ДОО денеска во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар донираше медицинска опрема во вредност од 10.000 евра, за заштита на пациентите во новонастанатата состојба со ковид-19.
Се работи за апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany. Со апаратот се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување.
Овој апарат кој е подвижен и со современа вентилација, ќе овозможи полесен транспорт на пациентите до клиника или помеѓу клиниките поради различните испитувања на пациентите кои се заболени од ковид-19.
Кожувчанка ДОО е компанија која постојано бара начини да биде општествено одговорна. Особено радува тоа што овој вид донација врз основа на укажувањата на клиниката е од особена важност за настанатата состојба со ковид-19.