Димитров позитивен на ковид-19! Во изолација одат Ѓоковиќ, Тим, Ѕверев…

Не сакам да кријам. Позитивен сум на ковид-19 и сакам да им кажам на сите што беа во контакт со мене во изминатите неколку денови да се тестираат и да ги преземат сите здравствени мерки за да се заштитат - вели Димитров.

1,097

Најдобриот тенисер од Бугарија, Григор Димитров на својот „Инстаграм“ профил открил дека е позитивен на ковид-19. Тој не се чувствувал добро на првиот ден на Адрија тур во Задар поради што се повлекол од турнирот. Се вратил во Монако каде што се тестирал на ковид-19 и бил позитивен.

– Не сакам да кријам. Позитивен сум на ковид-19 и сакам да им кажам на сите што беа во контакт со мене во изминатите неколку денови да се тестираат и да ги преземат сите здравствени мерки за да се заштитат. Се извинувам на непријатностите кои ги предизвикав. Сега сум во самоизолација, се чувствувам добро – напишал Димитров.






Бугарскиот тенисер минатата недела играше на хуманитарниот турнир на Новак Ѓоковиќ во Белград, а потоа присуствуваше и на забавата во локална дискотека каде што покрај Ѓоковиќ присуствуваа и други врвни тенисери од Европа.

 

Поврзани содржини