Во Словенија шест новозаразени со коронавирусот од кои две се деца

252

Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата има повторен пораст на новозаразени со коронавирусот.

За разлика до вчерашните два, денеска се потврдени шест нови случаи на лица позитивни на тестот за ковид-19.






Меѓу заразените тројца се од Љубљана, еден од Пиран, а вирусот е потврден и кај двајца странски државјани. Лекарите потврдија дека меѓу новите случаи има и две деца, односно се работи за момче и девојче.

Од Ковид-19 во болниците во земјата се лекуваат вкупно шест пациенти.

Поврзани содржини