Трамп им се закани на демонстрантите

Тој истакна дека кон нив ќе се постапува многу поинаку, отколку што е тоа случај во другите градови.

315

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани денеска дека против демонстрантите кои ќе се појават на неговиот предизборен митинг претстојниов викенд во Тулси, во Оклахома, ќе бидат преземени мерки, кои не ги прецизираше.

Тој истакна дека кон нив ќе се постапува многу поинаку, отколку што е тоа случај во другите градови.






„Било кои демонстранти, анархисти, агитатори, крадци или криминалци ако дојдете во Оклахома, ве молам да разберете дека кон вас нема да се постапува како во Њујорк, Сиетл или Минеаполис. Тоа ќе биде многу поинаква сцена“, напишал Трамп на Твитер.

Поврзани содржини