Филипче: Следната недела очекуваме да спласне жариштето во Скопје, утре ќе ги објавиме имињата на 450 лица

Тој рече дека веќе се објавени имињата на 450 лица кои одбиле да ги примат решенијата од ДСЗИ, а треба да се во изолација.

4,260

Предвидувањата на епидемиолозите се дека следната недела може да се очекува дека во Скопје  жариштето ќе спласне, но ова е со резерва, можеби има некои контакти за кои не сме свесни. Кај нас  можеби и малку порано почна тој бран, се појавија жаришта во Куманово, Тетово, Штип, а тие жаришта, освен Скопје, веќе спласнаа, изјави министерот за здравство Венко Филипче гостувајќи вечерва во „Само Вистина“ на Канал 5.

Тој рече дека бидат објавени имињата на 450 лица кои одбиле да ги примат решенијата од ДСЗИ, а треба да се во изолација.






Филипче порачува дека единствен начин да се заштитиме од вирусот е да се почитуваат протоколите.

– Секогаш има ризик да се пропушти некој контакт или да не го каже контактот, а луѓето одговараа на  прашалници и често даваа и погрешни податоци – истакна министерот.

На забелешката на новинарот Гоце Михаловски дека неговите предвидувања беа за 2.500 заболени од коронавирусот, а само сега има плус 3.000 заболени, Филипче одговори:

– Тоа беше предвудување за поголемиот пик, за очекување беше вториот бран, а тој дојде малку порано. Апсолутно, појава на вториот бран е поради непочитување на мерките и потекнува од големите семејни собири на кои не се носеле ни маски, ниту се држела дистанца помеѓу луѓето – рече Филипче, кој информираше дека помалку од 15 отсто од заболените од ковид-19 во земјава се на болничко лекување, дел се со полесни симптоми и на домашно лекување, а другите се асимптоматски случаи.

Тој потенцираше дека е различен пристапот на тестирање во сите земји и затоа не може да се споредуваат бројките.

Филипче рече дека асимптоматскиот пренос е една од најголемите слабости, не само во земјава, туку и во светот.

– И затоа заземавме став  да имаме една ваква агресивна стратегија, идентификување апсолутно на сите  контакти на лица коишто имале претходно физички контакт со заболените лица со цел на време да бидат ставени во изолација, за тука да го пресечеме ланецот на пренос на инфекцијата и мислам дека  во тоа успеавме, нагласи министерот за здравство.

 

Поврзани содржини