ВМРО-ДПМНЕ до Николовски: Ги лажеш граѓаните исто како Заев

Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, се вели во партиското соопштение.

486

Николоски ги лаже граѓаните како неговиот шеф Зоран Заев. Ветуваат дека минималната плата ќе ја зголемат за 40%, а ќе ја исполнат исто колку што го исполнија ветувањето за 100.000 денари плата за докторите, ветувањето дека нема да се отвори Уставот на Република Македонија, ветувањето дека ќе се изградат 600 километри автопат итн, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните на Република Македонија на неколку пати беа изманипулирани и понижени од оваа Влада која распродаде сè што е свето на секој еден Македонец. На таквото однесување и понижување мора да му дојде крајот и сите кои се огрешиле пред законите да сносат кривична одговорност за тоа. На секого му е јасно дека победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Доаѓа време на просперитет, работа, чесност, труд и исполнување на есенцијалните барања на граѓаните за подобар живот. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата“, се вели во партиското соопштение.

Поврзани содржини