Бочварски: Ова се моменти на прекршување, институциите да воведат ковид координатори

Денес очекувам во Штип да имаме и двоцифрен број на оздравени граѓани. Имаме и 440 граѓани кои се во самоизолација. Во клиничката болница во Штип, имаме 20 граѓани позитивни на вирусот.

790

За непочитување на препораките за заштита од коронавирусот се изречени над 170 казни, но сите се согласивме дека превенцијата како пристап би била многу покорисна мерка од репресивната. Апелирам институциите да воведете ковид координатор со цел контрола и дисциплина на вработените и граѓаните во тек на работното време, рече штипскиот градоначалник Благој Бочварски на прес конференција.

– Апел до правните субјекти, маркети, банки и продавници. Вашиот ковид координатор да води грижа за групирањето во објектите но и пред самите објекти, со цел да се запре групирање на граѓани. Денес очекувам во Штип да имаме и двоцифрен број на оздравени граѓани. Имаме и 440 граѓани кои се во самоизолација. Во клиничката болница во Штип, имаме 20 граѓани позитивни на вирусот. Ова се моменти на прекршување на состојбата со коронавирусот, сега е најважно да ги почитуваме мерките, да носиме заштитни маски, да се дезинфицираме и да одржуваме дистанца – рече Бочварски.






Тој додаде дека треба да се  покаже општествена одговорност и солидарност кон сограѓаните кои се доктори и медицински персонал и секојдневно неуморно се борат со пандемијата и дека опуштање не смее да има.

Тој информира дека Општинскиот штаб за заштита и спасување е во постојана комуникација и координација и носи важни одлуки, мерки и спроведува значајни активности во борбата со оваа пандемија, како: делење на заштитни маски на институции и граѓани, дезинфекција на јавно прометни површини, влезови од станбени згради, плоштади, градски пазар, влезови од конфекции, маркети, аптеки, здравствени ординации, делење на социјални пакети на социјално загрозени семејства, помош на повозрасни и изнемоштени граѓани кои не можат да ги напуштат своите домови, економски мерки како ослободување од наплата за паркинг за месеците мај и јуни, ослободување од фирмарина на фирми кои немаат остварено приход во период на вонредна состојба и ослободување од комунални такси.

 

Поврзани содржини