Николовски ги повика граѓаните да гласаат и вети 100% безбедни избори

189
На 15 јули ќе имаме демократски избори. 100 проценти здравствено безбедни, со огромно внимание за следење на пропишаните мерки и протоколи, изјави денеска Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, со што партијата се заложи на парламентарните избори на 15 јули да имаме кредибилен и демократски изборен процес.





– Очекувам одговорност од сите учесници во изборниот процес. Слободната волја на граѓаните е врвна демократска придобивка која треба да ја искористат. Учествувајте во процесот и дадете го својот глас.
Во минатото се случуваше гласот на граѓаните да се злоупотреби или попречи. Но, во повеќе изборни циклуси покажавме дека тоа време заврши. Денес, Република Северна Македонија е слободна и демократска држава. Убеден сум дека мнозинството граѓани, почитувајќи ги доследно мерките за заштита, ќе излезат на гласање и ќе се определат за СДСМ и Коалицијата „Можеме“. Нашата коалиција е најмоќната и најбројната коалиција – рече Николовски и додаде: „Доаѓаат убави години“.
Поврзани содржини