ВМРО – ДПМНЕ: Заев слави годишнина на договор, а две години нема направено ништо за Македонија
Зоран Заев слави годишнина на договор, а не кажува дека две години нема направено ништо за Македонија. Македонија тоне. Економски воопшто не е добро, напротив е полошо со оваа рекетарска власт. Европската иднина токму поради оваа рекетарска власт е се уште далеку, Преспанскиот договор е реалност која што Зоран Заев ни ја наметна, но ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи жарот за Македонија некогаш да згасне, се вели во реакцијата на ВМРО – ДППМНЕ.
„Распука бетонот за идентитетот гарантиран и излажан од Зоран Заев. Две години нема ниту еден нов километар автопат или магистрален пат. Две години нема нови болници, училишта или градинки. Две години Заев и СДСМ немаат направено ништо за младите, за студентите, за средношколците. Ветија дека ќе вратат 600.000 млади, а дополнително се иселија заради нивните лоши политики. Две години државата стагнира. Имаме само криминал, корупција и сиромаштија. Две години имаме неспособност од невидени размери. Две години тапкаме во место. Македонија не може со СДСМ понатаму. Македонија заслужува подобро. Следува обнова“, вели ВМРО-ДПМНЕ.