Британско министерство за здравство: 80 отсто од дијагностицираните со ковид-19 немаат симптоми

834

Министерството за здравство на Велика Британија соопшти дека 80 отсто од луѓето кои се позитивни на тестот за коронавирус немаат никакви симптоми.

Британскиот министер за здравство Мет Ханкок смета дека 80 проценти од луѓето со позитивен тест не покажуваат знаци на заболување.






Националната служба за статистика на Велика Британија минатата недела соопшти дека 71 отсто од луѓето кои се позитивни на тестот немаат никакви симптоми.

Сепак, Ханкок вели дека бројот на асимптоматски случаи всушност е поголем и може да достигне 80 проценти, објави Скај њуз.

Според Ханкок, ова е едно од најважните откритија за оваа болест.

Како што е наведено, контролата на ширењето на коронавирусот е тешка, бидејќи голем број од заразените не покажуваат симптоми, но сепак можат да ги заразат другите околу себе. 

Поврзани содржини