Полицијата двапати интервенирала во „8 Септември“ поради закани врз докторите
Денеска имало инцидент и во одделот за интензивна нега, на спратот каде што лежат најтешко болните кои се на респираторни машини. Ќерка на починат пациент успеала да се пробие до тоа одделение, била многу агресивна и се заканувала на медицинските работници, па тие повикале обезбедување, а обезбедувањето полиција. И таа снимала со телефон, кој полиција ѝ го одзела.
Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска интервенираа екипи на МВР откако член на семејство на пациент од коронавирус го свртел мобилниот телефон кон лекар за да го снима, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
Лекарот побарал заштита и обезбедувањето на болницата повикало полициска асистенција. Информацијата ни ја потврди МВР, а фоторепортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК го сними настанот кога две полициски возила дојдоа пред Ургентниот центар на болницата и ги проверуваа телефоните на пријавените лица.
– Службени лица од МВР денеска интервенираа во ГОБ „8 Септември“ откако беше пријавено дека лекар на работното место видел како го снимаат со мобилен телефон цивилни лица, роднини на пациент од болницата. При извршените проверки во телефоните, фотографија од лекарот не беше најдена – ни изјавија од МВР.
Сликање и снимање на медицински лица додека се на работа, внатре во здравствената установа или во нејзиниот двор, не се дозволени и се смета за закана по нивниот живот и здравје.
Целиот текст прочитајте го на СДК.мк