„За заедничка Македонија“: Нинџа со гнасни лаги сака да си ја спаси криминалната кожа

1,521

Гнасните лаги на докажаниот криминалец Нинџа се единственото нешто што им преостана на Русковска и на #ВиРус обвинителството. Не се ни посомневавме дека после извршените консултации во #ВиРус обвинителството, Нинџа ќе излезе со најнова четврта верзија за случувањата на 27-ми април, надополнета со нарачки кои после ќе бидат цитирани во јавност што од самиот вирус, што од инфицираните послушни пера, реагира на Фејсбук граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

„Македонска судска трагедија е што се уништуваат човечки судбини и луѓе се судат на стотици години робија, само врз основ на исказите на лице со илјадници страни кримнално досие и историјат на лажни сведочења, со цел да ја спаси својата дебела криминална кожа. Невидено во светски рамки е еден ваков криминалец, на очиглед на целата јавност да биде дежурен сведок – лажго  кој е сламката на спасот” за обвинителството во кое има #ВиРус и кое само со негова помош жестоко инсистира да осудува луѓе без криминално досие и со блескави кариери. Убедени сме дека јавноста без сомнеж се увери дека консултациите кои неодамна ги имаше криминалецот Нинџа со #ВиРус Обвинителството, се покажаа на видело денеска и на сите им е јасно дека овој криминалец кој многупати во својот живот лажел за да добие помали казни и пикал во затвор невини луѓе, уште еднаш се обидува да издејствува “договор со ѓаволот” за да си ја спаси својата криминална кожа“, се вели во реакцијата на Фејсбук.

Понатаму, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пишува дека еден ден ќе има вистинска правда, а не, како што вели, пародија базирана на лажните сведочења на овој криминалец од светски калибар.






„Кога на вакви криминалци и нивните гнасни лаги се потпираат во #ВиРус обвинителството, јасно е зошто македонскиот народ има 2% доверба во тоа обвинителство. Дури и тие два проценти им се премногу на обвинителите кои го ангажираат криминалецот Нинџа да им ги пере и поткрепува лагите во замена за олеснителни околности за него. Правда ќе има, еден ден, не далеку од денес“, се вели во реакцијата. 

Поврзани содржини