Претседателот на САД, Доналд Трамп ја опомена својата сопруга Меланија дека е премногу сериозна во текот на посетата на светилиштетото Јован Павле Втори, откако претходно ја посети и вандализираната црква во близина на Белата куќа.
Трамп ѝ кажа на Меланија да се насмее за време на нивното фотографирање пред националниот споменик на Свети Јован Павле Втори.
На снимката која се појави во медиумите, се гледа како Трамп кратко ѝ се обраќа на сопругата, а потоа им се насмевнува на фотографите кои ја следеле нивната посета.
Како што пренесува „Индипендент“, Трамп тогаш забележал дека Меланија не му се насмевнува, па повторно ѝ се обратил, по што првата дама на САД „кисело се насмевнала“.
=
FOTO: YOUTUBE/PRINTSCREEN/ THE INDEPENDENT