Вработените со средно што во меѓувреме завршиле факултет ќе добијат повисоки позиции и плати
Измената во Законот беше изгласана во Собранието на Република Северна Македонија на 17.01.2020 година и од вчера, први јуни, стапува во сила.
Сите државни администратори кои работат на работни места со средно образование, а во меѓувреме, до усвојување на Законот за административни службеници имаат завршено високо образование, ќе им се признава, односно ќе им се вреднува високото образование, соопшти денеска Адем Авзиу од ДУИ.
Тој ја објасни постапката за остварување на правото за искористување на оваа законска можност. Државниот службеник со средно образование поднесува барање до раководителот на институцијатa. Во актот за систематизација треба да има слободно (празно) месно со звање „помлад соработник“, врз основа на образованието кое го има стекнато државниот службеник и ако ги исполнува условите во согласност со законот. Соодветната институција треба да располага со финансиски средства за покачување на платата.
Доколку, соодветните институции немаат на располагање финансиски средства за оваа календарска година, истите можат да планираат да обезбедат финансиски средства за време на изготвување на буџетот за наредната година.
Измената во Законот беше изгласана во Собранието на Република Северна Македонија на 17.01.2020 година и од вчера, први јуни, стапува во сила.