Најбрзиот човек на светот за првпат стана татко, дури и премиерот на Јамајка се обрати ФОТО

484

Усаин Болт испиша историја во атлетиката. Најбрзиот човек на светот. Господин Молња. Но, едно девојче, на кое среќните родители сè уште не му дале име, ги потисна сите спортски успеси на Болт.

Секако, доаѓањето на свет на наследничката на човекот чие име е запишано меѓу бесмртните, не можело туку-така да помине. Нејзиното раѓање не можело туку-така да се објави.






Премиерот на Јамајка, Ендру Холнес им честитал на Болт и неговата избраничка Каси Банет на социјалната мрежа Твитер, па така цел свет за еден момент дознал за оваа радосна вест.

„Честитки до нашата спортска легенда Болт и Каси Банет за раѓањето на нивното девојче“ – напишал Холнес.

Колку Болт бил возбуден за тоа што ќе стане татко, кажуваат неговите зборови од февруари, оваа година кога потсетил на трагично починатиот Коби Брајант кој има четири ќерки:

„Возбуден сум, но и нервозен истовремено. Видов во очите на Коби колку ги сака своите девојчиња. Тоа е чувство кое што и јас го сакам“ – изјавил тој.

 

PREKID PROGRAMA ZBOG BOLTA, HITNO OBRAĆANJE PREMIJERA JAMAJKE! Najbrži čovek sveta ostvario je najveći SAN - dobio je ćerku!

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини