Синот на пејачката Мелиса Етериџ, Бекет, почина на 21-годишна возраст од последиците од предозирање, пишува списанието „Пипл“.
Веста ја потврди на фејсбук-профилот на пејачката нејзиниот портпарол.
„Со тажно срце, објавуваме дека синот на Мелиса, Бекет, почина и дека концертот што требаше да го одржи од дома е откажан“, напишале од нејзиниот тим.
Етериџ изјави на Фејсбук во подоцнежниот пост дека им се придружува на илјадници мајки кои го изгубиле детето поради дрога.
– Бекет се бореше со зависноста која денеска го докрајчи. Моето срце е скршено. Не можам да престанам да размислувам дали требаше да направам нешто за да го спасам, но знам дека тој е на подобро место сега – додала таа и рекла дека ќе му се врати на пеењето, бидејќи тоа лекува.
Етериџ, која во јавноста е позната по нејзините бракови со американската продуцентка Џули Кифер и актерката Теми Лин Михаелс, Бекет го доби во бракот со Џули со помош на донор на сперма.
Пејачката има и близнаци од бракот со Теми Лин.
ФОТО: Фејсбум/Твитер