ДИК утре на Пендаровски ќе му го даде своето мислење за изборите

266

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со членовите на Државната изборна комисија, која следува по вчерашната одржана лидерска средба на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори.

„Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес. На средбата беше договорено ДИК, во текот на утрешниот ден да го достави своето мислење до кабинетот на претседателот“, информира прес службата на шефот на државата.

Поврзани содржини