Помошник на потпретседателот Пенс позитивен на коронавирус

269

Тестирање покажало дека помошник на американскиот потпретседател Мајк Пенс се заразил од коронавирусИнформацијата беше потврдена денеска од сигурни, но анонимни извори, јавија дел од американските медиуми.

Претставници на Белата куќа синоќа потврдија дека кај воено лице кое ивршува задачи на личен помошник на претседателот Доналд Трамп, исто така бил откриено присуство на коронавирус.






Кејли Мекенани, портпарол на Белата куќа, изјави денеска на брифинг за новинарите дека се засилува безбедноста на раководството на земјата, истакнувајќи дека Белата куќа ги следи сите контакти на заразени соработници и дава препораки за слични случаи.

– Ние ги преземаме сите неопходни мерки за да го заштитиме претседателот –  изјави Мекенани. 

Поврзани содржини