Владиката Тимотеј кој вчера ја предводеше поворката на свештениците на литијата, зад која одеа стотици граѓани без заштитни маски и не држејќи физичка дистанца во услови на пандемија, за телевизија Телма тврди дека црквата нема вина за овој скандалозен собир.
– Јас не сум таму полицаец да изигравам. И во црква претходно повикав наутро и попладнето, го повикав народот само свештенството да иде. Меѓутоа, јас не сум некој што може да му забрани некому да оди по улица. Тоа не е должност на црква – рече владиката Тимотеј.
На побараниот коментар од него по жестоките реакции од јавноста, владиката рече:
– Што ми е гајле за реакциите!