Како карантинот им помага на пчелите?
На социјалните мрежи се појавија видеа од диви свињи, лисици, елени и сите други претставници на слободната фауна како шетаат по празните улици на градовите.
Додека милиони луѓе ширум светот оваа пролет беа принудени да останат дома, дивиот свет имал корист од човечко отсуство во природното опкружување, намалувајќи го сообраќајот како и намалувањето на загадениот воздух.
На социјалните мрежи се појавија видеа од диви свињи, лисици, елени и сите други претставници на слободната фауна како шетаат по празните улици на градовите.
Сепак, еден од видовите кои можеби треба да најмногу да се радуваат во слабата човечка активност се пчелите, велат научниците, цитиран од „ВВС“.
Пчелните семејства во последниве години се намалуваат во многу делови од светот, понекогаш и заради загадениот воздух или пестицидите што се користат во земјоделството.
Оние кои се грижат за заштита на природата се загрижени дека ако овој тренд се продлабочи и пчелите почнат масовно да исчезнуваат, ќе се промени изгледот на целата планета, како и животот на луѓето. Тоа е затоа што овие инсекти се главните „опрашувачи“ на растенијата и помагаат во репродукцијата на над 80% од земјоделските култури што ги троши човештвото.
Економската вредност на пчелите на глобално ниво се проценува на 120 милијарди американски долари.
Во последните неколку недели, една од работите што директно влијаат врз нивните животи е намалената количина на штетни емисии во атмосферата. Според научниците, емисиите создадени од индустријата, сообраќајот, градежништвото и другите човечки активности го ограничуваат ширењето на ароматичните молекули од цветот на растенијата, а тоа претставува проблем во хранењето на пчелните колонии.
Намалувањето на сообраќајот на автомобили им помага и на инсектите. Според една студија од 2015 година, повеќе од 24 милијарди пчели и оси умираат од удар во возила секоја година само на северноамериканските патишта.
Но, додека пчелите ги чувствуваат позитивните ефекти на карантинот, истото не може да се каже за професионалните пчелари и земјоделци кои се потпираат на услугите на нивните „крилести колеги“ за да ги опрашуваат земјоделските култури.
Ограничувањата во движењето наметнати скоро низ целиот свет го отежнуваат обезбедувањето сезонски работници за да помогнат во собирањето мед. Трговијата со пчели „кралици“ и кошници, со кои се обновуваат пчелните семејства, е тешка во моментов.
На пример, Велика Британија ги увезува своите пчели „кралици“ главно од Италија и тие обично патуваат со авион. Сега ова е речиси невозможно.
Во САД, пчелите опрашуваат земјоделски култури во вредност од околу 15 милијарди долари секоја година. Најмногу зависни од нив се бадемите, дињите и тиквичките.
Потребни се повеќе од два милиони семејства на пчели за производство на бадеми само во Калифорнија. Пчеларите обично ги движат кошниците во близина на плантажите за да го олеснат процесот на опрашување. Сега, сепак, оваа активност е исто така многу тешка.
Еколозите се надеваат дека сегашната „пауза“ во економската активност на целото човештво ќе послужи како пример и дека научените лекции за време на пандемијата може да се применат во иднина за зачувување на многу видови, вклучително и пчелите.