Ангеловска: Економската активност ќе се намали за 3,4 проценти
Таа додаде дека главната одлика на оваа криза е токму неизвесноста и непредлвивоста, состојбата постојано се менува па поради тоа не се исклучени понатамошни ревизии на макро-економските показатели како што се движи состојбата.
Министерката за финансии Нина Ангеловска и заменик министерката за финансии Ширет Елези на денешната прес-конференција ги презентира и проекциите за движењето на економијата од страна на министерството согласно ковид-19 кризата.
Досегашните проекции за забавувањто на економијата кои се изработуваа во минатиот период, а откако може да се види реализацијата во април претрпеа одредени корекции, па поради тоа Ангеловска ги соопшти официјалните проекции на министерството за финансии за движењето на економијата.
Таа додаде дека главната одлика на оваа криза е токму неизвесноста и непредлвивоста, состојбата постојано се менува па поради тоа не се исклучени понатамошни ревизии на макро-економските показатели како што се движи состојбата.
– Меѓународните институции имаат по две проекции поврзани со движењето на економиите поради корона-кризата. За македонската економија ММФ проектираше пад од 4 проценти, додека Светската банка за земјава проектираше намалување економската активност од минус 1,4 проценти до минус 2 проценти од БДП, односно од пооптимистично до понепосакувано сценарио. Анализите на Светската банка велата дека рецесијата нема да одмине ниту една земја и држава од Западен балкан, а Македонија ќе претрпи најмала штета во споредба со другите земји во регионот – рече Ангеловска.
Основното сценарио на министерството за финансии, пренесе Ангеловска, предвидува забавување на економската активност за минус 3,4 проценти со тоа што ефектите од корона-кризата врз економијата се очекува да бидат најголеми во вториот квартал, во третото тримесечје се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртиот квартал се очекува закрепнување на економијата и одреден позитивен резултат.