Раѓањето на синот му дало сила на Џонсон да оздрави, имало план и ако почине премиерот

292

Британскиот премиер Борис Џонсон во интервју за „Сан“ изјави дека му било страв дека никогаш нема да го види својот син кој требало да се роди и дека токму тоа му дало сила да го победи коронавирусот.

Џонсон во интервјуто за британски „Сан“ изјави дека токму тоа му дало поттик да ги протера сите негативни мисли во најмрачните моменти додека бил на интензивна нега откако му се влоши здравствената состојба.

– Имаа стратегија како да се справат во случај на смрт според „сталинистичко сценарио“. Беше тоа тежок момент – рече Џонсон  за „Сан“.

Тој вели дека реалноста за неговата состојба го погодила кога бил поврзан со монитор и префрлен на интензивна нега. Раскажува дека добил „литри и литри кислород“ за да остане жив.

– Имаме уште многу причини за живот, работа да завршиме и нема да кријам од вас, размислував за тоа – изјави Џонсон.

Три недели откако го победи вирусот, Џонсон се врати во болница за да присуствува на раѓањето на неговиот син кој го доби името Вилфред Лори Николас. Името Николас е во чест на докторот Николас Прајс и професорот Николас Харт за кои Џонсон вели дека му го спасиле животот додека бил на интензивна нега.

 

 

Поврзани содржини