Австрија испраќа помош за здравствениот систем во земјава
Австрија ѝ понуди на Северна Македонија третман на пациенти во тамошните болници.
Шатори, ќебиња, генератори за електрична енергија, душеци, постелнина за еднократна употреба и средства за хигиена, се дел од помошта што Австрија на земјава ќе ја испрати преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ (Union Civil Protection Mechanism – UCPM) за справување со пандемијата..
Како што соопштија Австриска амбасада во Скопје помошта се очекува да пристигне во наредните денови.
– Австрија ја поддржува Северна Македонија во оваа криза со конкретно потребни средства и добра – изјави министерот за надворешни работи Шаленберг во една прилика.
Тој додаде дека покрај најтешко погодените земји, приоритет на австриската помош и солидарност е насочена кон земјите од Западен Балкан.
– Корана вирусот нѐ става пред нови предизвици со коишто можеме само заеднички да се справиме. Исто така продолжуваме да работиме заедно и да се залагаме, Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан наскоро да можат да го заземат своето место во ЕУ – додаде министерот.
Австрија освен тоа, додаваат од Австриската амбасада, сака и да покаже солидарност кога болничките капацитети се ограничени заради ковид-19 и затоа ѝ понуди на Северна Македонија третман на пациенти во Австрија.
Дури и во време кога пандемијата зема голем замав, болниците во Австрија остана отворени за пациенти за итни случаи од Северна Македонија.