Половина од новозаразените лица со Ковид-19 во Москва се луѓе под 45 години, објави денеска Московскиот кризен центар.
Повеќе од 45 проценти од новите пациенти се на возраст од 18 до 45 години, 35 проценти се меѓу 46 и 65 години, 14,5 проценти се над 65 години, а 5,5 проценти се деца, се вели во соопштението.
Сите лица кои имале контакт со заразени се под медицински надзор.