Рускиот епидемиолог Брико: Вирусот се пренесува и на растојание од 4 метри

Според него, најновото истражување на Центарот за контрола на болестите во САД, потврдува дека коронавирусот се шири и на растојание од 4 метри, а уште повеќе на растојание од 2 метра.

1,333

Коронавирусот може да се пренесува од еден човек на друг на растојание од 4 метри, истакнал рускиот епидемиолог Николај Брико во телевизиското гостување на „Русија 24“.

Според него, најновото истражување на Центарот за контрола на болестите во САД, потврдува дека коронавирусот се шири и на растојание од 4 метри, а уште повеќе на растојание од 2 метра.






– Вирусот може да остане во воздухот од 30 минути до 3 часа, а на површината на предметите дури и неколку дена. Тоа значи дека вирусот се пренесува не само по воздушен пат, туку и преку контакт помеѓу луѓето – истакнал Брико.

Тој дал свое видување и за ситуацијата во Русија.

– Според критериумите на Светската здравствена организација, Москва се наоѓа во третата, а можеби и во четвртата фаза на развој на епидемиолошкиот процес, каде што тешко е да се следат видливите извори на инфекцијата, видливиот ланец на ширење на коронавирусот – рекол тој.

Поврзани содржини