Јужна Кореја на поинаков начин успеала да излекува двајца заразени пациенти

Научниците утврдиле дека заболените од ковид-19 можат да се лекуваат со крвна плазма од пациенти кои го совладале вирусот, бидејќи, како што велат, плазмата содржи потенцијално корисни антитела.

1,145

Двајца заразени Јужнокорејци се опоравиле од тешкото воспаление на белите дробови откако биле лекувани со крвна плазма од пациентите кои успеале да го победат вирусот.

Научниците утврдиле дека заболените од ковид-19 можат да се лекуваат со крвна плазма од пациенти кои го совладале вирусот, бидејќи, како што велат, плазмата содржи потенцијално корисни антитела.






Терапијата со плазмата би можела да биде алтернативно лекување на пациентите чија состојба е критична и кои не реагираат добро на антивирусните лекови, рекол Чои Јун Јонг, лекар во болницата во Сеул каде што се наоѓаат двајцата новоизлечени пациенти.

Меѓутоа, додава тој, потребни се опсежни клинички тестирања за да се докаже ефикасноста.

Едниот пациент е 71-годишен маж чија состојба се подобрила откако ги примил антителата од излечениот пациент кој бил помлад за дваесетина години. Другиот пациент е 67-годишна жена која на почетокот ѝ помагале лековите против маларија.

Квон Јун Вок од Центарот за контрола на болести во Сеул, оценил дека лекувањето со крвна плазма е многу важно со оглед на тоа што засега не постојат други лекови или вакцина против ковид-19.

Поврзани содржини