Научниците тврдат дека не постои поврзаност помеѓу 5Г мрежата и ковид-19

Дел од корисниците на Фејсбук сметаат дека токму 5Г технологијата го ослабнува имунолошкиот систем на луѓето и ги прави подложни на нови вируси, а друг дел, пак, смета дека коронавирусот може да се пренесе со користење на оваа технологија.

704

На социјалните мрежи во изминатиов период се споделуваат најразлични видео снимки кои говорат за тоа има блиска поврзаност помеѓу 5Г технологијата и коронавирусот, но научниците остро ги демантираат ваквите тврдења.

Дел од корисниците на Фејсбук сметаат дека токму 5Г технологијата го ослабнува имунолошкиот систем на луѓето и ги прави подложни на нови вируси, а друг дел, пак, смета дека коронавирусот може да се пренесе со користење на оваа технологија. Сепак, професорот Симон Кларк цврсто уверува дека сите овие теории се неточни и невозможни.






– Имунолошкиот систем на луѓето може да биде загрозан поради лошиот начин на исхрана, поради стрес или умор, но треба да биде јасно дека 5Г технологијата има многу ниски радиобранови кои не можат никако да влијаат врз имунолошкиот систем – тврди Кларк.

Поврзани содржини