Нејзиното семејство порачало дека таа била обожавана мајка и баба која ја поседувала најневеројатната комбинација од убавина, памет и физичка сила.
„Со огромна тага ве информираме дека на 95 години почина Хонор Блекман. Почина мирно, од природна смрт во својот дом, опкружена со своето семејство. Беше сакани и многу ќе им недостасува на своите деца и внуци, се наведува во соопштението од семејствотo.
Блекман е најпозната по улогата на Кети Гејл во популарната ТВ-серија „Одмазници“. Со години ја носеше и ласкавата титула за најстарата Бонд девојка во историјата на популарниот филмски серијал. Имала 39 години кога во „Голдфингер“ ја глумела Пуси Галор.
Photograph: Allstar/United Artists