Луфтханза ќе добие милијарда евра помош од државата

Во близок контакт сме со сојузната влада заради обезбедување наша ликвидност, изјави портпаролот на Луфтханза, но одби да даде повеќе детали.

236

Германија е во преговори да обезбеди милијарда евра помош за авиопревозникот Луфтханза, со можност да земе удел во таа компанија, која поради пандемијата на коронавирус призземји над 90 отсто од својата флота.

– Во близок контакт сме со сојузната влада заради обезбедување наша ликвидност, изјави портпаролот на Луфтханза, но одби да даде повеќе детали.






И портпаролот на германското Министерство за економија одби да коментира.

Германските медиуми објавуваат дека Луфтханза во разговорите со германската Влада соработува со банки, вклучувајќи ја и Дојче банк, која исто така одбила да коментира.

Минатата недела Луфтханза соопшти дека се уште не се пријавила за државна помош, но дека разговара со заемодавците и властите за тоа каква помош би била можна.

Поврзани содржини