Обвинети 20 прилепчани, се шетале за време на полицискиот час

247

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози за 20 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

–  Обвинетите не ги почитувале одлуките на владата за забрана и посебен режим на движење со кои се забранува движење на населението. Тие во одделни настани биле затекнати како одат пеш или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар, соопшти Јавното обвинителство.






Обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите  да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Поврзани содржини