Димитриев: Тие што сега се фалат со полската болница, нè критикуваа кога ја обезбедивме во 2012

1,779

Полската болница Roll 2, со ниво на опременост за хируршки интервенции, од утре во употреба за медицинска заштита на граѓаните на Македонија, објави на социјалните мрежи поранешниот технички премиер Емил Димитриев.

„Ја обезбедивме како донација во 2012 година од Кралството Норвешка со вредност од 2 милиони евра. Дел од оние што денес се гордеат со неа, тогаш критикуваа дека за нашата земја финансиски е неодржлив овој ресурс. Добро е што ја имаме, што помалку да се користи“, напиша Димитриев.






Поврзани содржини