Во Хрватска 77 новозаразени од коронавирусот

170

Хрватските здравствени власти потврдија дека во земјата се откриени 77 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Со овие нови, вкупниот број на заразени лица се искачи на 897.






Министерот за здравство Вили Берош на редовната прес конференција кажа дека засега на респиратори се ставени 32 пациенти, а 67 оздравеле.

Во Хрватска како последица од Ковид-19 досега починаа шест лица.

Од Центарот за цивилна заштита објавија дека во наредните денови ќе започнат со масовно тестирање, бидејќи тоа се покажало како успешно во справувањето со ширењето на коронавирусот. Токму затоа граѓаните ќе се проверуваат и мобилно, односно за присуство на коронавирус ќе се тестираат лица без тие воопшто да излегуваат од своите автомобили.

Ваков начин на тестирање веќе се спроведува во Германија и се покажа како доста успешен.

Поврзани содржини