Компанијата „Бош’ (Bosh) има оддел за медицинска технологија, од каде што стаса изнедаувачка порака – развиен е брз тест за детекција на инфекција од коронавирус,
Со овој тест, инфекцијата се открива за 2,5 часа, на самото место, без транспорт во лабораторија, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Бош тврди дека точноста на тестот е 95 отсто и дека тој ги задоволува стандардите на Светската здравствена организација.
Тестирањето се врши на тој начин што се зема брис од нос и од грло и се става во кертриџ којшто веќе ги содржи потребните реагенски. Кертриџот веднаш се става во справа за анализи, со која може да ракува секој. Една справа може да изврши до 10 тестирања за 24 часа.
(Фотографија од производителот)